/ Прочитано:

1.065

ЕП гласаше против „Јужен тек“ – Бугарите почнаа да демонтираат цевки

Четврток, 17 април 2014 – Европскиот парламент (ЕП) ја усвои резолуцијата против изградба на гасоводот „Јужен тек“, пренесува Бугарското национално радио.

Европскиот парламент денеска изгласа необврзувачка резолуција со која се изјасни против изградбата на гасоводот „Јужен тек“, кој треба да обезбеди проток на гас од Русија преку Црното море во делови од Европа.

 Резолуција е поради рускиот притисок врз Украина, како и за мерките кои треба да ги преземе Европската унија (ЕУ) против Русија.

Бугарскиот европратеник Илија Јотов изјавил дека сепак станува збор за необврзувачка резолуција на Европарламентот, која има само советодавен карактер и која најверојатно ќе биде користена само предизборно.

Како што објавуваат бугарските медиуми, Бугарија го размонтира првиот спој на цевки за гасоводот Јужен тек, кој поминува низ оваа земја откако, како што се пренесува, „ Европскиот парламент одлучи дека проектот Јужен тек не треба да се имплементира“.

Првата траса, како симбол на почетокот на гасоводот низ Бугарија започна да се гради во октомври 2013 година, а на отворањето присуствуваа и претставници на Гаспром.

Во меѓувреме, претставниците на „Јужен поток Бугарија” ги демантирале извештаите за демонтирањето на цевките, во врска со плановите на ЕП да го прекине проектот.

„Цевките од првото заварување на „Јужен поток”, кое беше направено во октомври минатата година како симбол на почетокот на изградбата на гасоводот, се транспортираат во складиште за привремено чување и ќе бидат искористени во понатамошната работа”, истакнал претставникот на компанијата за ИТАР-ТАСС.

Инаку, Турција вчера ја поддржа изградбата на проектот, најавувајќи дека е подготвена да дозволи минување на гасоводот низ нејзина територија.