/ Прочитано:

1.446

ЕП со нови директиви — стоп за производството на слим цигари

Среда, 25 септември2013 – Пушачите во Европската унија ги очекува нови промени. Со цел да се спречи појава на нови пушачи и да се намали нивниот број, Европскиот парламент (ЕП) воведува низа забрана, но и нови обрвски за тутунската индустрија. 

ЕП најавува низа забрани за пушењето во почетокот на идниот месец. Тенките или популарно наречено „слим“ цигари, како и оние со вкус на ментол и чоколадо нема повеќе да се произведуваат.

„Пред 150 години да сме можеле, ЕП воопшто немало да дозволи продажба на цигари. Но, сега цигарите легално се продаваат, наша задача е да го намалиме бројот на пушачи“, вели Линда Мек Аван, известувачот на ЕП за новиот Предлог-закон. 

Предупредувањата што се истакнати на кутиите на цигарите, според новите правила ќе мораат да покриваат 75% од кутијата и тоа со поголема вознемирувачка фотографија.

Иако бројот на пушачи се намалува, сѐ уште секој четврти жител на ЕУ е зависник од пушење. За ЕП, загрижувачки е податокот што 94% од пушачите својата прва цигара ја запалиле пред 25 години. 

Хрватска, заедно со уште седум членки на ЕУ пред неколку дена потпишаа декларација за дополнителна заштита на тутунопроизводителите, чии интереси би можеле да бидат загрозени со новите директиви.

Хрватскиот министер за земјоделелство, Тихомир Јаковина смета дека борбата против пушењето најдобро може да се води преку едукација и подигање на свеста за штетноста на пушењето.

„Колку проценти од кутијата ќе бидат покриени со слика и порака нема да биде пресудно. Мислам дека тоа нема да ги одврати вистинските пушачи, затоа е поважна едукацијата”, изјави Јаковина.

Освен Хрватска, директивата ја потпишаа министрите за земјоделие на Бугарија, Шпанија, Грција, Португалија, Унгарија, Романија и Полска.