/ Прочитано:

999

Ердоган ги најави најкрупните уставни реформи во новата историја на Турција

Понеделник, 30 септември 2013 – Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска го престави „Пакетот за демократизација“, односно најголемиот пакет уставни реформи во новата историја на Турција.

На пресконференција во Анкара, Ердоган оценил дека станува збор за историски момент.

Со реформите, меѓу другото,  е предвидено: да може да се изведува настава во приватните училишта и на друг јазик освен турскиот, што го вклучува и курдскиот кој досега беше забранет; намалување на цензусот потребен за влез на некоја партија во парламентот; како и укинување на забраната за носење превез во државните институции. Како што пренесува „Ројтерс“, новите правила нема да се однесуваат на правосудството или војската. Ердоган исто така го најавил планот за враќање на манастирот кој што државата го заплени од христијаните. „Пакетот за демократизација што го претставуваме денеска не е прв сет реформи и нема да биде ниту последен“, нагласил Ердоган.
Содржината на пакетот уставни реформи ги третира најчувствителни општествени прашања, се работи за најголеми уставни реформи од времето на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк.