/ Прочитано:

891

ЕУ најавува отворање на првиот трговски спор против Русија пред СТО

Вторник, 9 јули 2013 – Европската Унија соопшти дека денеска ќе вложи протест против рускиот Закон со кој се воведуваат давачки за странските автомобилски производители за рециклирање на возилата продадени во Русија. Со тоа , ЕУ ќе го отвори првиот трговски спор против Русија пред Светската трговска организација (СТО).

„И’ дадовме на Русија рок до први јули да ја укине оваа еколошка такса, таа не го направи тоа и поради тоа ќе поднесеме спор пред СТО. Се надевам дека ова може да биде решено за брзо време. Важно е Русија, како членка на СТО, да игра според правилата на глобалната трговија“, изјавува еден неименуван европски дипломат за „Ројтерс“.

Со ова, Русија, за првпат по една година, откако е членка во Светската трговска организација, ќе се соочи со трговски проблем.

Европската Унија смета дека ваквиот Закон е дискриминирачки и дека треба да се коригира, односно, давачки за рециклирање да плаќаат еднакво и странските и домашните производители на автомобили.