/Прочитано:

769

ЕУ со обвинување кон Фејсбук

Компанијата Фејсбук е најновата компанија од Силиконската Долина која е на мета на комесарот за конкуренција на ЕУ Маргарет Вестагер, која упатила барање до компанијата Епл да ѝ плати данок во износ од 14 милијарди долари на Република Ирска, а исто така отворила и две истраги против компанијата Гугл за злоупотреба на пазарот. Обвинението кон Фејсбук во конкретниот случај е поради промена на политиката на приватност на Ватсап во август годинава, кога оттаму изјавиле дека ќе ги споделат со Фејсбук телефонски броеви од нивните корисници, со што предизвикале можност за истрага од страна на органите на ЕУ надлежни за прашањата за конкуренција поради повреда на приватноста на корисниците.

Фејсбук еу

Европската комисија го обвини Фејсбук за обезбедување лажни информации при преземањето на онлајн сервисот Ватсап со казна која може да изнесува 1 % од прометот на компанијата.

Сепак, ова обвинување во форма на опомена кон Фејсбук нема да влијае на одобрувањето за спојување на Фејсбук и Ватсап, кое е вредно 22 милијарди долари, а кое го дала Европската комисија во 2014 година.

Компанијата Фејсбук е најновата компанија од Силиконската Долина која е на мета на комесарот за конкуренција на ЕУ Маргарет Вестагер, која упатила барање до компанијата Епл да ѝ плати данок во износ од 14 милијарди долари на Република Ирска, а исто така отворила и две истраги против компанијата Гугл за злоупотреба на пазарот.

Обвинението кон Фејсбук во конкретниот случај е поради промена на политиката на приватност на Ватсап во август годинава, кога оттаму изјавиле дека ќе ги споделат со Фејсбук телефонски броеви од нивните корисници, со што предизвикале можност за истрага од страна на органите на ЕУ надлежни за прашањата за конкуренција поради повреда на приватноста на корисниците.

Комесарот Вестагер вели дека првичното мислење на Комисијата е дека компанијата Фејсбук дала неточни и невистинити информации за време на преземањето на Ватсап, со што постои сомнеж за пласирање лажни и неточни информации во врска со бројот на корисниците на овие две социјални мрежи при преземањето во 2014 година, кој постои и денес.

Фејсбук има рок до 31 јануари да одговори на овие обвинувања, кои доколку се потврдат, можно е да се активира казната која изнесува 1 % од прометот на компанијата во 2015 година, што во сума би изнесувало околу 179 милиони долари. Секако, доколку се изрече таа казна, Фејсбук има право на жалба до Европскиот суд на правдата кој во минатото во вакви слични случаи повеќе пати ги има поништувано изречените казни.

Портпаролот на Фејсбук изјавил дека ја почитуваат Европската комисија и процесот што го води таа и се надеваат дека истрагата ќе се води професионално и ќе се докаже дека компанијата Фејсбук работела во согласност со правилата. Фејсбук ќе соработува со Комисијата и ќе ги обезбеди сите потребни информации за разрешување на ова прашање.