/ Прочитано:

752

ЕВРОПОЛ: Aпсења на 80 меѓународни аеродроми, приведени 118 лица

Петок, 28 ноември 2014 – Вкупно 188 луѓе се уапсени во рамки на меѓународна операција за разбивање на мрежа за купување авионски билети со фалсификувани кредитни картички, соопшти денеска Европол, додавајќи дека се работи за организиран криминал вреден повеќе милиони евра.

Операцијата наречена „Глобална акција“ биле спроведена на вкупно 80 аеродроми во 45 земји.

Акцијата биле координирана од седиштата на Европол во Хаг, на Интерепол во Сингапур и на Латиноамериканската полициска агеција „Америпол“ во Богота.

Полициски тимови на аеродромите, од Лондон до Манила, уапсеиле осомничени лица, кои користеле фалсификувани кредитни картички за купување на авионски билети, додека тие стоеле во редови за качување или пак излегување од авионите, изјави директорот на Европол, Роб Вејнрат.

– Авионската индустрија поради овие проблеми губи милијарди долари во текот на една година. Моравме да смислиме глобална операција, да ги спречиме тие луѓе да се качат во авионот или пак да ги фатиме по доаѓањето на посакуваната дестинација, додаде тој.

Во седиштео на Европол во оваа операција работеле заедно стручни лица од компаниите кои издаваат кредитни картички, вклучуваји ги и „Виза“ и „Американ Експрес“, како и претставници на авионски компании и полициски анилитичари.