/ Прочитано:

792

ЕВРОПОЛ: Апсења во Шпанија и Бугарија поради измами со кредитни картички

Четврток, 2 октoмври 2014 – Бугарската и шпанска полиција уапсија 31 лице, дел од организирана криминална група чија специјалност била копирање податоци од приватни кредитни картички на банкомати со помош на скимери, соопшти Европол.

Полицијата извршила претрес во 40 куќи во Малага во Шпанија, како и во Софија и Бургас во Бугарија. 

Откриени се осум лаборатории и запленети повеќе од илјада предмети меѓу кои и микро-камери, читачи за картички, магнетни ленти, компјутери, телефони и пластични картички.

Пронајдена е и опрема за 3Д-печатење. Групата користела податоци „симнати“ од банкомати ширум Европа меѓу кои и Италија, Франција, Шпанија, Германија и Турција. Потоа правеле фалсификат картички што ги користеле за подигнување големи количини пари во Перу и Филипини, се вели во соопштението на Европол.