/ Прочитано:

804

Европска канцеларија за статистика: 507 милиони лица живеат во ЕУ, а во Македонија – 2,06 милиони

Четврток, 10 јули 2014 – Европската канцеларија за статистика (Евростат), денеска излезе со најновите податоци за бројот на жители што живеат во земјите-членки на Европската унија, но и кај кандидатите за членство и во земјите од ЕФТА, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Според овие податоци, на 1 јануари 2014 година, во 28-те земји-членки на Унијата живеат точно 507.4 милиони лица, додека во Република Македонија – 2,065 милиони. Според овие податоци на Евростат, во споредба со 1 јануари минатата година, популацијата во ЕУ е зголемена за 80.000 жители во однос на природниот прираст, како и за уште 700.000 жители што пристигнале преку миграција. Со се статистичкото прилагодување, во споредба со 2012 година, лани ЕУ имала дури 1,7 милиони жители повеќе и она што е интересно е дека овие податоци покажуваат дека популацијата кај ЕУ-земјите се зголемила за дури 100 милиони лица од 1960 година, кога во 28-те земји живееле вкупно 407 милиони лица.

Во однос на истата споредба, Македонија е проценето дека имала точно 2.065.800 жители на 1 јануари годинава, што во споредба со истиот период минатата година е за околу 30 илјади жители повеќе.

Според Европската канцелаирја за статистика, во период од една година во нашата земја имало 11.2 новороденчиња на илјада жители, а 9.3 лица од илајда починале. Според природната разлика е проценето дека Македонија има околу два проценти прираст на населението (точно 1.9%)