/ Прочитано:

830

Европската комисија го обвинува „Епл“ за склучување на нелегални договори и даночно затајување

Вторник, 30 септември, 2014 – Европската комисија ја обвини компанијата Епл за искористување на држaвна помош во Ирска, покажуваат првичните резултати од истрагата за даночните олеснувања кои ги доби оваа американска компанија.

Во истрагата што Европската комисија ја покрена против компанијата Епл, која во Ирска ужива данок помал од 2%, било откриено дека компанијата земала недозволена државна помош. Според изјавите на лица кои се вклучени во истрагата, ЕК наводно открила дека Епл склучувал нелегални договори со ирските власти и со тоа добивал незаконска помош.

„Ирска е уверена дека нема кршење на прописите за државна помош во овој случај и веќе испрати официјален одговор до Комисијата, во кој настојува да ја отстрани загриженоста и нејаснотиите“, се наведува во соопштението на Министерството за финансии на Ирска.

Весникот „Фајненшл Тајмс“ тврди дека казната би можела да изнесува една милијарда евра. ЕК би можела да бара исплата на сите неплатени даноци, како и дополнителна казна.

 Во изминатите 10 години Епл заработил дури 137 милијарди долари преду работење на свои офшор компании.