/ Прочитано:

610

Европскиот суд за човекови права ја осуди Полска поради соучесништво во спроведувањето на програмата за тајни затвори на ЦИА

Четврток, 24 јули 2014 – Европскиот суд за човекови права ја осуди денеска Полска поради нејзиното „соучесништво“ во спроведувањето на програмата за тајни затвори на ЦИА, насочена против наводни терористи. Според Судот во Стразбур, полските власти во периодот меѓу 2002 и 2003 година, соработувале во „илегалниот трансфер“ на двајца осомничени за тероризам и дозволиле тие да бидат задржани и сослушувани на територијата на Полска – случаи речиси идентични како Ел-Масри против Македонија каде Македонија исто така беше прогласена за виновна.

Двајцата сириски државјани Абу Зубаида и Абд ал Рахим ал Нашири, кои поднеле тужби, тврдат дека биле тајно транспортирани со авион до затвор управуван од ЦИА, а се наоѓал во еден шумски предел во Полска. Тие тврдат дека биле физички малтретирани.

Двајцата се уште се наоѓаат во затворот во американската воена база во Гвантанамо, на Куба, заедно со уште 100 други осомничени за тероризам.

Во текот на процесот, Судот констарираше дека двајцата не само што биле „нелегално задржани и испрашувани“ туку дека во текот на сослушувањето биле изложени на тортура.

Во соопштението по пресудата, Судот во Стразбур заклучил дека полиските власти кои се потписници на Конвенцијата за човекови права, ги прекршиле нејзините одредби, дозволувајќи луѓето да се најдат на полската територија и притоа да бидат изложени и на облици на тортура. Судот пресуди Полска да му исплати на Нашири 100.000 евра, а на Зубаида 130.000 евра отштета.