/ Прочитано:

1.025

Европскиот суд за човековите права објави видео и документ преведени на македонски јазик за прашањата поврзани со азил

Европскиот суд за човековите права објави видео во кое се говори за повеќе прашања за азилот од аспект на Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи. Содржината на видеото е преведена на македонски јазик и објавена е како документ.

akad 4

Во ова видео, велат од Судот во Стразбур, зборува адвокат од Регистарот на Европскиот суд за човековите права (http://www.echr.coe.int) и тоа е снимено во главната судница на Судот. Видеото дава преглед на јуриспруденцијата на Судот за прашањата поврзани со азилот.

Тоа особено им е наменето на правните стручњаци и на организациите на граѓанското општество. Видеото е продуцирано од Судот, во соработка и со поддршка од Програмата на Советот на Европа „Едукација за човековите права наменета за правните стручњаци“ (HELP; http://www.coe.int/help).

Во видеото се говори за  клучни поимите за азил и за ЕКЧП – 0:18, пречките за одбивање на баратели на азил – 02:35, Процена на ризикот – 06:30, дипломатски гаранции и интерно преселување – 09:33, ранливи групи – 11:08, условите за прием на барателите на азил – 13:08, притворање на барателите на азил – 15:22, процедура за добивање азил и ефективни правни лекови – 17:43, привремени мерки според Правилото 39 – 21:29, групно протерување – 22:25
и завршни забелешки за азил и за ЕКЧП – 23:17.

Текстот од видеото со јуриспруденцијата на Судот за прашањата поврзани со азилот, Европскиот суд за човекови права го објави и како документ. Во рамките на документот, Европскиот суд за човековите права упатува и кон судската пракса која се однесува на проблематиката на азилот и  поврзани правни прашања.

foto akademik

„Со векови луѓето патуваат низ големи територии за да се населат во Европа. Некои од нив доаѓаат барајќи меѓународна заштита. Тие бараат азил. Не е секогаш лесно да се разбере разликата меѓу мигранти, баратели на азил, бегалци и други групи, особено кога обично медиумите погрешно ги употребуваат овие термини. Следуваат неколку концепти што не би требало да се мешаат. Зборот ‘мигрант’ опишува лице што се сели од едно место, регион или држава во друго. Терминот ‘барател’ на азил“ се однесува на мигрант што бара меѓународна заштита. Во Европа, меѓународната заштита може да биде во форма на статус на бегалец или супсидијарна заштита. Статусот на бегалец е регулиран со Женевската конвенција што се однесува на статусот на бегалците од 1951 година. Странска држава му го гарантира статусот на лице што има основан страв од прогонување во неговата држава на потекло врз основа на раса, вероисповед, националност, припадност на одредена социјална група или политичко мислење.

Ако смета странска држава дека некој мигрант треба да се заштити, но од причини што не се наведени во Женевската конвенција, може да одлучи да му даде супсидијарна заштита наместо статус бегалец. Овој суд – Европскиот суд за човековите права – не е надлежен да ја испитува примената на Женевската конвенција. Исто така, Европската конвенција за човековите права не го предвидува правото на азил. Во принцип, државите го имаат правото на контрола на влез, престој и на протерување на лица што не се државјани. Но државите членки на Советот на Европа имаат обврска да им обезбедат на сите во рамките на нивната јурисдикција, вклучително и на мигрантите, почитување на правата гарантирани со Европската конвенција за човековите права. Токму за таа цел судската практика на Судот наметнува одредени ограничувања на правото на државите да вратат некого од граница…Целосниот текст на документот.

М.В / veljanoskim@akademik.mk