/ Прочитано:

937

ФИСКАЛИЗАЦИЈA: Предновогодишни контроли на УЈП

Понеделник, 29 декември 2014 – Управата за јавни приходи ноќта меѓу 27 и 28 декември, при редовно вршење контрола, утврди неправилност кај 7 од вкупно 20 контролирани угостителски објекти во Скопје, информираат оттаму. 

 Поради нерегистрирањето на готовинските плаќања, за објектите е изречена времена забрана за вршење на дејност од 15 дена, а за даночните обврзници изречена е глоба во висина до 3.250 евра во денарска противвредност.

 „Предновогодишната потрошувачка го зголемува ризикот од неевидентирање на готовинскиот промет, токму затоа ги потсетуваме сите даночни обврзници на почитување на обврската за регистрирање на готовинскиот промет и за издавање на фискални сметки на потрошувачите. УЈП редовно е присутна на терен, особено на местата со изразено зголемен промет во овој период – угостителските објектите и објектите што вршат малопродажба“, се вели во известувањето од УЈП.