/ Прочитано:

1.827

Формиран Советот за следење на состојбите во пензискиот систем

Владата на Република Македонија го формираше Советот за следење на состојбите во пензискиот систем, кој ќе разгледува прашања поврзани со одржливоста на пензискиот систем.

Во работата на Советот може да учествуваат експерти за кои Советот ќе одлучи дека е потребно во врска со прашањата што се разгледуваат на Советот. Надлежности на Советот се да разгледува прашања поврзани со одржливоста на пензискиот систем, да ја следи имплементацијата на реформата на пензискиот систем, да иницира мерки за подобрување на состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување и за oбезбедување на одржливост на пензискиот систем на долг рок.

Советот се состои од претседател и осум члена, а негов претседател е Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, a членови на Советот се: проф. д-р Драган Тевдовски, министер за финансии, -проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, м-р Крешник Бектеши, министер за економија, Зорица Апостолска, министер без ресор задолжена за странски инвестиции, д-р Булент Дервиши, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, -Шаип Зенели, директор на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Весна Стојановска, генерален директор на КБ „Прво пензиско друштво“ АД Скопје и Давор Вукадиновиќ, генерален директор на НЛБ „Нов пензиски фонд“ АД Скопје.

М.В