/ Прочитано:

1.102

(ФОТО) Интернет заедницата го одбележa Денот на социјалните медиуми

Сабота, 27 јуни 2015 – Интернет заедница по четврти пат го одбележa Денот на социјалните медиуми. Во глобални рамки, Денот на социјалните медиуми се одбележува секоја година во месец јуни и го прославуваат 200 градови низ светот, меѓу кои и Скопје.

Колкава е моќта на социјалните медиуми во нашето секојдневие? Платформите како Twitter, Facebook, Instagram, Snapchat, Periscope, направија револуција во начинот на кој комуницираме. Дури и бизнисите го препознаваат големото значење на социјалните медиуми во комуникацијата со нивните клиенти и продажбата на нивните производи. Но, дали знаеме како најдобро да ги искористиме?

Сакајќи да придонесе кон афирмирање на употребата на социјалните медиуми, интернет заедница во Македонија на 26 јуни, по четврти пат го одбележa  Денот на социјалните медиуми (Social Media Day). Програмата оваа година вклучувшe 4 говорници – активни твитерџии, граѓански активисти и претприемачи, кои  пред љубителите на друштвените мрежи, маркетингот и интернет културата ги споделиja своите знаења и позитивни искуства од своите кампањи.

„Денот на социјалните медиуми е настан на кој ја потенцираме улогата и значењето на социјалните медиуми и разменуваме знаења и искуства за поефикасно користење. Редовно комуницираме на интернет, ама секогаш е убаво да се собереме на едно физчко место сите  „зависници“ од социјални медиуми, да се дружиме и да размениме лични искуства“ – вели Дарко Булдиоски од агенцијата Њу медиа, која четврта година по ред е организатор на настанот. (М.В )