/ Прочитано:

3.641

(ФОТО) СТУДЕНТИТЕ ГИ ПРЕЗЕНТИРААТ СВОИТЕ ЗНАЕЊА: Меѓународниот правен натпревар „Биг дил“ годинава се одржува во Скопје

Започна популарниот натпревар „Биг дил“, во организација на Адвокатското друштво „Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска“. Квалификациите за натпреварот ќе се одржат денес, а финалето утре.

akad 4

Поради регионалниот карактер, натпреварот „Биг дил“  се одржува во различни градови во регионот каде што всушност се седиштата на адвокатските друштва членки на Регионалната мрежа на водечки адвокатски друштва. Оваа година натпреварот се одржува во Скопје, во организација на Адвокатското друштво „Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска“, и тоа квалификациите се одржуваат на 24 ноември, а финалето на 25 ноември.

akad 4

Годинава, на „Биг дил“ учествуваат вкупно шест тима од студенти од правните факултети од Македонија, Србија, Хрватска и од Словенија, односно два тима од Скопје, еден тим од Белград, еден тим од Крагуевац и по еден тим од Загреб и од Љубљана. На натпреварот учествуваат тим од Правниот факултет „Јустинијан Први“ под менторство на проф. д-р Димитар Гелев и доц. д-р Биљана Петревска и и тим од Американ Колеџ – Скопје под менторство на проф. д-р Кимо Чавдар. Натпреварувачкиот дел се одржува во просториите на Адвокатското друштво „Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска“, во Скопје, четврток и петок, на 24 и 25 ноември. Победничкиот тим добива тримесечна работна пракса во некоја од канцелариите на членките на Регионалната мрежа на водечки адвокатски друштва.

akad 4

„Биг дил“ преставува натпревар на студенти од правните факултети од регионот, кој веќе втора година се одржува на регионално ниво, во организација на Регионалната мрежа на водечки адвокатски друштва (Top Tier Legal Adriatic – TLA).

akad 4

Станува збор за актуелен предизвик кој ги подготвува студентите за реални ситуации во деловниот свет, низ практична едукација од страна на ментори – професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје и адвокати од Адвокатското друштво „Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска“.

akad 4

На овогодишниот натпревар, во македонскиот тим се студентите: Маја Вељанова, Азра Еминовиќ, Александра Костеска, Христина Бачовска и Моника Здравкова.

akad 4

„Навистина се вложи многу труд во подготовката на студентите и буквално се работеше деноноќно. Ова се исклучително посветени и талентирани студенти, кои несебично се посветија на подготовките за натпреварот. Денес имаат брилијантен настап“, вели доц. д-р Биљана Петревска која, заедно со проф. д-р Димитар Гелев, е ментор на студентите.

akad 4

„На овој натпревар студентите имаат можност да ги збогатат и да ги презентираат своите знаења од повеќе области на правото преку подготовка на извештај за правна анализа (Legal Due Diligence Report), како и нацрт на договор за пренос на удел (Draft Share Purchase Agreement)“, истакнува адвокатката Ана Хаџиева-Ангеловска од Адвокатското друштво „Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска“.

akad 4

За таа цел, појаснува адвокатката, се работи на симулација на анализа на документи и правни прашања кои треба да се одговорат, односно проблеми кои треба да се решат пред да се случи преземањето на соодветното фиктивно трговско друштво, трансакции што претходат на статусни промени и преземања на  фиктивни трговски друштва. Студентите работат на правната анализа како тим, во соработка со менторите.

akad 4

„Добровоспоставената платформа на Биг дил се должи токму на поврзаноста и меѓусебната соработка на адвокатурата и правните факултети. Македонскиот тим, како минатата така и оваа година,  соработува со проф. д-р Димитар Гелев,  со доц. д-р Биљана Петревска“, нагласува Хаџиева-Ангеловска.

akad 4

„Можноста да се биде домаќин на ваков реномиран натпревар преставува особена чест за нашето адвокатско друштво“, велат од Адвокатското друштво „Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска“.

akad 4

„Соработката помеѓу адвокатурата како претставник на практичниот дел на правото и правната едукација во примената на правото понудена од врвни адвокати, од една страна, и експертските теоретски знаења и вештини од правото дадени од страна на професори од Правниот факултет, од друга страна, нуди голем степен на напредок во знаењето на еден млад правник“, вели адвокатката Емилија Ќелешоска-Шољаковска, партнер во Адвокатското друштво „Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска“.

M.В