/ Прочитано:

760

ФОТО: Задолжителна налепница за секое новорегистрирано возило

Четврток, 9 јануари 2013 – Од 1 јануари годинава стартуваше примената на „Правилникот за формата, содржината, кавалитетот и начинот на поставување на налепница за извршена регистрација“ кој предвидува налепница за секое новорегистрирано возило. 

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека тоа значи дека секое новорегистрирано возило од 1-ви јануари добива налепница за извршена регистрација која задолжително треба да се залепи на внатрешна или надворешна страна на возилото, со што визуелно ќе може да се утврди дека возилото е регистрирано, доколку истата има важност.

Согласно член 2 од Правилникот, налепницата за 2014 година е со црвена боја, а согласно член 3 од истиот Правилник, со римски броеви од I до XII се обележани месеците од календарската година.

Инаку целта на ова новина е во насока на намалување на бројот на нерегистрирани возила кои  учествуваат во сообраќај на јавен пат.