/ Прочитано:

918

Францускиот парламент го усвои Предлог-законот за легализација на хомосексуалните бракови

Среда, 13 февруари 2013 – По неколку месечна дебата, долниот дом на францускиот Парламент со мнозинство гласови, 329 „за“ и 229 „против“ го усвои предлог законот со кој на двојките од ист пол им се овозможува да стапат во брак и да посвојуваат деца.

Предлог-законот кој целосно ја редефинира институцијата брак како договор меѓу две лица, се очекува на 2 април ја добие поддршката и во Сенатот. Доколку ова се случи Франција ќе им се придружи на 11-те земји меѓу кои Шпанија, Шведска, Јужна Африка, Холандија  во кои истополовите бракови се легални.

Анкетите покажуваат дека меѓу 55 и 60 отсто од француските државјани ги поддржуваат истополовите бракови, додека околу 50 отсто ја поддржуваат одлуката геј паровите да посвојуваат деца.

Одлуката за легализација на хомосексуалните бракови во Франција претставува најкрупна општествена реформа од укинувањето на смртната казна во 1981 година. На неа, сепак, се противат конзервативците како и многу француски муслимани и припадници на други христијански цркви.