/ Прочитано:

2.705

Францускиот претседател Оланд помилува жена која извршила убиство при семејно насилство

Имено, овој случај како последица на семејно насилство предизвикал големо внимание кај француската јавност. Жаклина Соваж била 47 години во брак со Норбер Маро, кој со години ја малтретирал неа и нивните две ќерки и синот. Во септември 2012, еден ден откако синот си го одзел животот, Соваж со три истрели го застрелала Маро во грбот. Таа била обвинета за убиство и била осудена на 10-годишна казна затвор во 2014 година. Во 2015 година Апелациониот суд ѝ ја одбил жалбата во која навела дека убиството го извршила во самоодбрана. Здружението „Предизвикај го феминизмот!“ побарало од стручната јавност да го дефинира поимот самоодбрана и во него да бидат вклучени жените жртви на насилство. И Натали Томазини, адвокатката на Соваж, исто така побарала од судот да го прошири поимот на самоодбрана како што се залагала здружението кое го дало предлогот.

Оланд

Жаклин Соваж, 69-годинишна жена осудена на 10-годишна казна затвор поради убиство на својот сопруг, уште во јануари 2016 година била делумно помилувана од претседателот на Франција Франсоа Оланд, но судот во градот Мелун одбил да даде дозвола за нејзино ослободување на 12 август оваа година.

Откако претседателот по вторпат интервенирал за нејзино ослободување, таа конечно го напуштила затворот каде што поминала 3 години.

Имено, овој случај како последица на семејно насилство предизвикал големо внимание кај француската јавност. Жаклина Соваж била 47 години во брак со Норбер Маро, кој со години ја малтретирал неа и нивните две ќерки и синот. Во септември 2012, еден ден откако синот си го одзел животот, Соваж со три истрели го застрелала Маро во грбот. Таа била обвинета за убиство и била осудена на 10-годишна казна затвор во 2014 година. Во 2015 година Апелациониот суд ѝ ја одбил жалбата во која навела дека убиството го извршила во самоодбрана.

Здружението „Предизвикај го феминизмот!“ побарало од стручната јавност да го дефинира поимот самоодбрана и во него да бидат вклучени жените жртви на насилство. И Натали Томазини, адвокатката на Соваж, исто така побарала од судот да го прошири поимот на самоодбрана како што се залагала здружението кое го дало предлогот.

Во француското кривично право, актот на самоодбрана се смета како пропорционален и директен одговор на некој акт на агресија. Во случајот на Соваж, судот  ѝ замерил зошто чекала толку долго за да преземе нешто за своја заштита и за  заштита на своите деца, на што одговорила дека таа и нејзините ќерки се чувствувале понижени за да побараат помош.

Активистите за женски права, политичари, јавни личности и граѓаните се мобилизирале да ја потпишат петицијата за нејзино ослободување, која била потпишана од 400 000 луѓе.

Томазини во интервју за радиото РТЛ, изјавила дека помилувањето на Соваж од страна на претседателот Оланд е силна порака до сите жени жртви на семејно насилство и силен удар за насилниците.