/ Прочитано:

2.999

ФЗОМ: Итна и неопходна здравствена заштита може да се добие во 17 земји

Под итна и неопходна здравствена заштита, се подразбира користење здравствени услуги чиешто пружање не може да се одложи до планираното враќање во Република Македонија. За таа цел, пред патувањето во странство осигурените лица на ФЗОМ треба да се обратат во подрачната служба на ФЗОМ, каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување и да пополнат барање (ПП1) за издавање на двојазичен образец за една од наведените земји: Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција, Италија, Словачка и Албанија.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека осигурените лица за време на годишниот одмор можат да го остварат своето право на итна и неопходна здравствена заштита надвор од територијата на Република Македонија, и тоа во следниве земји: Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција, Италија, Словачка и Албанија.

Под итна и неопходна здравствена заштита, се подразбира користење здравствени услуги чиешто пружање не може да се одложи до планираното враќање во Република Македонија.

За таа цел, пред патувањето во странство осигурените лица на ФЗОМ треба да се обратат во подрачната служба на ФЗОМ, каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување и да пополнат барање (ПП1) за издавање на двојазичен образец за една од наведените земји, стои во соопштението.

Од ФЗОМ наведуваат дека кон барањето се приложува потврда за здравствената состојба, издадена од избраниот лекар (општ и гинеколог за жени) и наод, оценка и мислење на Лекарската комисија на ФЗОМ.

Двојазичниот образец на осигурените лица на ФЗОМ им служи како привремена здравствена легитимација во земјата каде што патуваат и врз чија основа осигурените лица на ФЗОМ се изедначени во однос на правата и обврските со осигурените лица на државата во која престојуваат. Тоа значи дека врз основа на двојазичниот образец, осигурените лица на ФЗОМ ќе можат да користат итни и неопходни здравствени услуги и за нив ќе треба да платат само лично учество (партиципација) доколку во законските прописи на земјата во која се престојува е предвидено лично учество (партиципација). Во спротивно, осигурените лица на ФЗОМ не подлежат на никакви трошоци за користените здравствени услуги.

Ако осигурениците на ФЗОМ за време на летните одмори користат итна и неопходна здравствена заштита во земји со кои Република Македонија нема договор за социјално осигурување, како на пример, Грција и Швајцарија, тогаш тие можат да се обратат до надлежните служби на Фондот заради рефундација на потрошените материјални средства, со соодветна медицинска документација и со фискални сметки за наплатени здравствени услуги, стои во соопштението.