/ Прочитано:

1.666

ФЗОМ: Над 107.000 невработени останаа без здравствено осигурување бидејќи го пропуштија рокот за пререгистрација

Понеделник, 7 април 2014 – Сите невработени што нема да се регистрираат согласно со одредбите во Законот за здравствено осигурување, нема да можат да го остварат правото на здравствени услуги и затоа апелираме, и покрај тоа што поминал рокот, да појдат во подрачните служби и да се пререгистрираат”, апелираат од Фондот за здравство.

Од вкупно 243.085 невработени лица кои, според евиденцијата на ФЗОМ, треба да се пререгистрираат, до крајниот рок потребни документи доставиле само 135.583 лица или 55,78 отсто од невработените.

 Останатите што го пропуштија рокот, го губат правото на здравствена заштита на товар на ФЗОМ до моментот додека повторно не се регистрираат, и во тој период за секоја медицинска услуга што ќе ја добијат, ќе треба приватно да платат.

 “Осигурениците може да ги донесат документите за регистрација и по истекот на рокот, но со тоа губат континуитет во осигурувањето и дел од здравствените услуги нема да може да ги добијат и откако ќе го обноват осигурувањето. Поради прекин на континуитетот во осигурувањето, шест месеци по повторната регистрација немаат право на ортопедски помагала, а жените го губат правото за надомест на породилно отсуство, ако претходно немаат шест месеци непрекинато осигурување”, известуваат од Фондот за здравство.

 Најголем број невработени од Скопје останаа без здравствено осигурување, односно 30.683 лица навреме не поднеле документи. Потоа следува Битола, каде што од 9.443 невработени, се пререгистрирале само 4.641 лице, односно без осигурување останале 4.802 луѓе. Во Кочани, останале нерегистрирани 2.682 лица, во Штип 2.263 невработени, а во Дебар 2.073 лица.

 ”Сите невработени што нема да се регистрираат согласно со одредбите во Законот за здравствено осигурување, нема да можат да го остварат правото на здравствени услуги и затоа апелираме, и покрај тоа што поминал рокот, да појдат во подрачните служби и да се пререгистрираат”, апелираат од Фондот за здравство.