/ Прочитано:

1.752

Годишен извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка

Во текот на 2016 година Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка примила вкупно 3.589 предмети, се вели во Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка во 2016 година.

Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка е надлежна за решавање по жалби против решенијата донесени во прв степен во инспекциската постапка, како и по жалби против одлуките за прекршок што се донесени од прекршочен орган, кога со закон е пропишано да одлучуваат во прекршочната постапка.

Во Годишниот извештај се вели дека од вкупниот број предмети што се примени во 2016 година, Државната комисија решила 2.688 предмети, а воедно во 2016 година решила и 349 предмети од 2015 година или решени се вкупно 3.037 предмети. Од предметите што се примени во 2016 година, нерешени се 901 предмети.

Понатаму, се констатира во Годишниот извештај, од вкупниот број решени предмети во 2016 година Државната комисија прифатила вкупно 845 жалби од кои 16 предмети биле по примени уважени тужби од Управниот суд со кои е поништено решението на другите второстепени комисии формирани во органите на државната управа и во општините во Република Македонија и Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Од вкупниот број решени предмети во 2016 година, Државната комисија одбила вкупно 1.809 жалби, од кои 2 предмета по изјавени жалби ги одбила, а биле по примени уважени тужби од Управниот суд со кои е поништено решението на другите второстепени комисии формирани во органите на државната управа и во општините во Република Македонија и Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Од вкупниот број решени предмети во 2016 година, Државната комисија отфрлила вкупно 325 жалби, додека од вкупниот број решени предмети во 2016 година Државната комисија ја запрела постапката по вкупно 5 жалби.

Во предмети што биле решени од првостепениот орган влегуваат предметите  кога жалбата била предадена или испратена непосредно на Државната комисија, која веднаш му ја испратила на органот од прв степен, а тој жалбата ја отфрлил како недопуштена, ненавремена или изјавена од неовластено лице или нашол дека жалбата е оправдана, а не е потребно да се спроведува нова испитна постапка и со ново решение го заменил решението што се побива со жалбата.

Во предмети што Државната комисија ги испратила на понатамошно постапување на надлежен орган се предметите кога таа утврдила дека во согласност со законските одредби не е надлежна да решава по нив, односно дека друг орган е надлежен да решава по изјавената жалба и нив ги испратила на понатамошно постапување на надлежниот орган. Во 2016 година, вкупно 53 предмети биле решени од првостепениот орган или Државната комисија ги испратила на понатамошно постапување на надлежен орган.

Во овој случај, по примањето на предметот, Државната комисија извршила увид во списите на предметот и констатирала дека постојат недостатоци поради кои не може да постапува. Понатаму Државната комисија изготвила допис со кој укажува на утврдените недостатоци и предметот го враќа на првостепениот орган нив да ги отстрани, односно да ги достави бараните докази и списи, со цел да се докомплетира предметот за да може Државната комисија по него да решава.

Од вкупниот број 901 нерешени предмети по изјавени жалби во 2016 година, Државната комисија административно побарала докази или доуредување во 376 предмети. Од вкупниот број, пак,  на  нерешени предмети по изјавени жалби во 2016, т.е. од 901 предмет,  87 предмети биле по примени пресуди на Управниот суд во 2016 година, Државната комисија административно побарала докази или доуредување на 59 предмети.

 Управно-судска заштита во предметите на Државната комисија

Државната комисија, заклучно со 31.12.2016 година, евидентирала вкупно 511 поведени управни спорови, против решенијата на Државната комисија донесени во 2016 година, од кои 92 управни спорови по предмети од областа на инспекцискиот надзор, додека 419 управни спорови по предмети од областа на прекршочната постапка.

Управниот суд во однос на поднесените тужби по второстепените решенија на Државната комисија од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка постапил на следниов начин: уважил 11 тужби, одбил 57 тужби, отфрлил 6 тужби и запрел 3 постапки по тужби.

M.В