/ Прочитано:

907

Горивата поевтинуваат за два денара

Понеделник, 1 декември 2014 – Цената на горивата од ноќеска на полноќ се намалува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,24, односно за 3,78 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 71,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 60 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 48,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 2,153 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 30,866 денари за килограм.

Како причина за намалување на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 5,95 отсто пониската просечна цена на сурова нафта во изминатите 14 дена и за 0,05 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.