/ Прочитано:

1.792

ГОВОР НА ТЕМА ШТО ЌЕ ЈА ОДБЕРАТ САМИТЕ УЧЕСНИЦИ: Повик за учество на XX Ораторска вечер „Иво Пухан“

Правниот факултет „Јустинијан Први“ објави повик за учество на XΧ Ораторска вечер ,,Иво Пухан.Од Организациониот одбор велат дека оваа година ќе може да се пријавуваат само учесници кои студираат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

???

Учесниците на ораторската вечер, велат од Правниот факултет и од Организациониот одбор на ораторските вечери, можат да подготват говор на тема што ќе ја одберат самите. Првата средба на учесниците ќе се одржи на 2.11.2016 година (среда), во 12:00 часот, во салата на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први”.

Правен факултет

„Сите студенти заинтересирани за учество на XΧ Ораторска вечер „Иво Пухан” можат да се пријават најдоцна до вторник, 1 ноември 2016 година, на следната е-адреса: bogoeskazaneta@hotmail.com“, информираат од Организациониот одбор.

akademik foto

Традиционалните ораторски вечери на Правниот факултет „Јустинијан Први“, кои секоја година се одржуваат на 10 декември – Светскиот ден на човековите права, го носат името на професорот по римско право д-р Иво Пухан, втемелувачот на Катедрата за правно-историски науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

akad 2

„Поетот се раѓа, а ораторот се создава“ е мотото на Клубот на оратори при Правниот факултет „Јустинијан Први“, од каде што нагласуваат дека, имајќи го предвид историскиот развој на ораторството од антиката до денес, како оратори се решени да го здружат нивниот талент и да го развијат говорништвото како уметност на комуникацијата меѓу луѓето, да го унапредат општеството,  да се борат за доброто на секој човек, за неговите слободи и права и да ја спречат злоупотребата на говорот за цели спротивни на основните човекови вредности.

M.В