/ Прочитано:

1.297

Градоначалникот Жерновски повикан во СЈО во врска со проектот „Скопје 2014“

Жерновски, како што е наведено во соопштението, треба да даде исказ во врска со проектот „Скопје 2014“ и со деталниот урбанистички план на Мал Ринг.

20160726_110640

Андреј Жерновски, градоначалник на Општина Центар, денеска е повикан да даде исказ во Специјалното јавно обвинителство, информираат од неговиот кабинет.

Жерновски, како што е наведено во соопштението, треба да даде исказ во врска со проектот „Скопје 2014“ и со деталниот урбанистички план Мал Ринг.

„Се работи за централното градско подрачје, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот проект „Скопје 2014“, се вели во соопштението од Општина Центар.

Од СЈО засега, во интерес на предистражната постапка, не откриваат повеќе детали, ниту информации дали се испратени покани во врска со случајот и до други лица.

„Ве известуваме дека се работи за предистражна постапка која е тајна и од таа причина не сме во можност да ви откриеме повеќе информации“, велат за агенцијата „Мета“ од СЈО.