/ Прочитано:

1.153

Катастарот со телефонски број за поплаки, информации за предмет и пријавување мито: 0800 80 800

Петок, 20 февруари 2015 – За поголема достапност и пристапност на граѓаните до услугите на Агенцијата за катастар на недвижности отворен е Контакт центар кој работи од 08:30 до 16:30 часот.

Преку бесплатниот телефонски број 0800 80 800 и инфо линиите 02/3171-833 и 02/3173-825 граѓаните ќе можат да пријават забелешка за некоректен однос на вработените, мито и корупрција, како и да добијат информација за статусот на определен предмет.

Кол центарот работи на принципот „прв јавен, прв услужен“, а постои опција на клиентот да му се одговори на македонски, албански и англиски јазик.  Исто така овозможена е и регистрација на пропуштените повици при што вработените во Кол центарот имаат опција повторно да ги контактираат клиентите со цел тие да ја добијат соодветната услуга.

Од мај откога почнал тест периодот до декември 2014 година остварени се 13.440 повици, а граѓаните најмногу се интересирале за поднесувањето на барања за легализација, за статусот на поденесените барања и кои се условите за изготвување на бесплатни геодетски елаборати.

„Една од придобивките од формирањето на Контакт центарот е и можноста преку директните јавуваеа на бесплатната телефонска линија да се следи и задоволството на клиентите од работата на Катастарот, но и можноста апликациски да се креираат и следат анкети со цел да се добијат подетални информации од поширок круг на корисници за задоволството од добиените услуги на Катастарот“, истакна директорот Славче Трпески на денешната промоција на Кол центарот.

Преку Контакт центарот од денеска почнува да се реализира и првата анкета насловена „Вашето мислење за нас – До подобра услуга за вас“.

Од понеделник во следните 30 дена на шалтерите на Катастарот, граѓаните ќе можат да пополнат прашалник со четири прашања во врска со работењето на оваа институција.