/ Прочитано:

770

Грција: Девет лица осудени за потопување на крузер кај Санторини

Четврток, 1 јули 2013 – Деветмина вработени во поморската компанија „Луис Хеленик Крусис“ денеска беа осудени поради потопувањето на туристички брод крај островот Санторини што се случи пред шест години. 

Судот во Пиреја на деветмината обвинети им изрече условни затворски казни во траење од шест месеци до 12 години, а ослободи четири други осомничени лица.  Најтешка казна од 12 години му е одредена на капетанот на бродот за предизвикување инцидент, за убиство од небрежност и за загадувањето на морето.

Бродот „Си Дјамонд“ на компанијата „Луис Хеленик Крусис“, кој превезуваше околу 1.600 лица, се насука на карпи крај Санторини во април 2007 година и потона неколку часа по несреќата. Двајца француски патници не беа пронајдени, се претпоставува дека тие се удавиле.

Kако што јавуваат локалните медиуми, по изрекувањето на пресудата, обвинителот изјавил дека несреќата можела да доведе до стотици смртни случаи, но судот покажал попустливост во казната без објаснување.