/ Прочитано:

1.130

ГРУЕВСКИ: Утре до Собранието ќе испратам писмо со мојата оставка

Утре до претседателот на Собранието на Република Македонија ќе испратам писмо со мојата оставка, изјави вечерва премиерот Никола Груевски во своето обраќање до македонската јавност.

akad 4

„Утре до претседателот на Собранието на Република Македонија ќе испратам писмо со мојата оставка, која ќе биде ефективна 100 дена пред официјалното одржување на изборите, изјави вечерва Груевски во своето обраќање до македонската јавност.  Тој истакна дека биле направени многу свесни компромиси за доброто на државата, додавајќи дека неговите обврски биле исполнети во целост, но изрази сомнеж за намерите на опозицијата во врска со изборите.

Оставката на Груевски од премиерското место е дел од договорот од Пржино,  како и од измените на изборното законодавство и Законот за Владата. Според договореното во Пржино  и  законските измени, предвремените избори за пратеници  треба се одржат на 24 април 2016, а сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, по претходна оставка на претседателот на Владата, Собранието на Република Македонија треба да избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници. Преодната влада треба да биде  предводена од нов  премиер кој ќе го номинира партијата со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија.