/ Прочитано:

2.066

ХАГ: Ослободителна пресуда за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач

Петок, 16 ноември 2012 – Жалбениот совет на Хашкиот трибунал донесе конечна пресуда, хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач веднаш да бидат пуштени на слобода.  Готовина и  Маркач првостепено беа осудени на 24 и 18 години затвор за воени злосторства извршени за време и по акцијата „Бура“ во 1995 година. 

Жалбениот совет на Хашкиот трибунал ја поништи во најголем дел првостепената пресуда за Готовина и Маркач. Претседавачкиот судија, Теодор Мерон одлучи дека тие не се виновни за прогон, депортација, убиства, злосторства против човештвото, грабеж на јавен или приватен имот, кршење законите и обичаите на војната, и нареди ослободување од сите обвиненија. Со ова тие се ослободени од обвинение за убиство на 1.960 лица, од кои најголем број цивили од Книнска Краина и за протерување на околу 220.000 Срби. Апелацискиот совет се согласи само со еден дел од првостепената пресуда во кој се вели дека Готовина бил свесен за злосторствата кои биле извршени врз цивилите, но и покрај тоа не спровел истрага за нив.

Во повеќе хрватски градови беше организирано јавно следење на изрекувањето на пресудата, а синоќа во Загреб и во други градови се собираа воени ветерани во знак на поддршка на двајцата генерали, а беше одржана и миса.

Реакции по пресудата (фото: ДНЕВНИК.хр)

Последно обраќање на Готовина и Маркач во жалбената постапка – 09.05.2012

Анте Готовина

– „Како офицер, горд сум на начинот на кој беше водена „Бура“, горд сум на таа операција, не само поради тоа што победивме, туку и поради фактот што цивилните жртви, нивните имоти беа сведени на минимум.

Како човечко битие, жал ми е за цивилните жртви. До денешен ден, јас сум уверен дека сите надлежности како генерал ги завршив на најдобар можен начин. Од оваа гледна точка работите можеби можеа да бидат и поинакви, но како генерал го немав тој луксуз на ретроспектива.

Не тврдам дека сум совршен, и се надевам дека нема да бидам осуден поради тоа.

Иако направив грешки, а една од тие е што не се предадов на Трибуналот, можете да бидете сигурни дека најмногу жалам поради тоа.

Моите војници работеа најдобро што можат во многу тешки околности“.

Младен Маркач

– „Верувам во праведноста на вој суд, пред 9 години се појавив пред Трибуналот, но се изненадив од обвиненијата за кои ме теретат, истите според мене во голема мера ги изменија фактите.

Јас ниту планирав, ниту наредив или пак се обидов да скирјам некаков злочин бидејки тоа се коси со моите животни принципи.

Длабоко сочувство до сите оние кои претрпеа загуби за време на војната. Почитуван суде, не сум крив  и очекувам од вас дека темелно ќе ги разгледате списите кои ви се преточени. Ви се заблагодарувам што ми дадовте прилика да се обратам.“ 

Првостепена пресуда – 15.04.2011