/ Прочитано:

1.714

ХОПС: Потребен е посебен закон за медицинската употреба на канабисот – лесен пристап до евтини лекови и можност за сопствено одгледување

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје на денешната прес конференција го повикаа Министерството за здравство да креира соодветен и посебен закон кој ќе одговори на потребите на сите кои ќе го користат канабисот при различни здравствени состојби.

akademik..

ХОПС смета дека треба да се донесе посебен закон со кој ќе се регулира медицинската употреба на канабисот во Македонија и не се согласува со решенијата во законските измени кои ги предлага Министерството за здравство.  Од ХОПС велат дека посебниот закон  треба да озвозможи лесен пристап до евтини лекови, вклучително и масло од канабис, во аптеки или специјални продавници, но и можност за сопствено одгледување за оние пациенти кои не се во состојба да ги купуваат лековите или имаат желба сами да го подготвуваат сопствениот лек. Начините и формите на употреба на канабисот, велат од ХОПС, се разликуваат во зависност од видот на болеста или здравствената состојба и затоа канабисот за медицинска употреба треба да биде достапен во различни форми (за пушење, вапоризирање, во капсули, за јадење или во форма на масло од канабис).

„Во последните години сме сведоци на рапидна промена на политиките поврзани со медицинската употреба на канабис низ светот. Сѐ поголем број на земји, меѓу кои и неколку од нашето блиско опкружување, пристапуваат кон легализација на канабис за медицинска употреба за групи на луѓе со одредени здравствени состојби“, истакнуваат од ХОПС.

„Овој тренд најмногу се должи на зголемената јавна поддршка која е вкоренета во растечката база на докази за терапевтските ефекти на канабисот при некои медицински состојби. Имено, расте бројот на примарни клинички студии и секундарни анализи кои укажуваат на бенифитите од употребата на различни форми на канабис во ублажувањето на дел од симптомите и/или забавувањето на прогресијата на некои болести, меѓу кои: мултиплекс склероза; болка и мускулни спазми асоцирани со различни болести (рак, ревматоиден артритис, фибромиалгија, мултиплекс склероза); гадење и повраќање воопшто или како резултат на третман со хемотерапијаvi; глауком; ХИВ и СИДА; кахексија, како и други болести и сосојби. Терапевтското дејство на канабисот се остварува без сериозни несакани ефектиix . И покрај тоа, во некои земји па и кај нас, опонентите на оваа идеја често посочуваат на можното зголемување на употребата на марихуана за рекреативни цели (или т.н. ефект на прелевање) како несакан ефект од легализацијата на медицинската употреба на канабис“, истакнуваат од ХОПС.

akad 1

Од ХОПС велат дека податоците од земјите каде канабисот за медицинска употреба е легален не покажуваат зголемена илегална трговија со марихуана, ниту пак забележуваат промена во трендовите на употреба на дроги кај општата популација и кај адолесцентите во споредба со периодот пред легализацијата на канабисот за медицинска употреба.

„Регулацијата на поседувањето на канабис за медицинска употреба варира помеѓу земјите низ светот, но заедничко е тоа што канабисот за медицинска употреба е достапен само за полнолетни лица кои имаат лекарска препорака, и во количина која не ја надминува максималната дозволена со закон. Максималните количини за поседување на канабис за медицинска употреба се различни, и во САД се движат од 30 до 700 грама, но најчесто 50-100 грама. Постојат прописи и за производството, при што лицата кои имаат медицинска препорака обично можат и да одгледуваат одреден број на стебла за лична употреба (најчесто од 3 до 6), да се здружат во комуни, или да назначат лиценциран производител кој ќе одгледува за нивните потреби. Во некои држави постојат и овластени продавници каде канабисот за медицинска употреба е достапен во различни форми (за пушење, вапоризирање, во капсули, различни колачиња за јадење или во форма на масло од канабис) наменети за потребите и/или преференците на пациентите. Легализирањето е пропратено и со прописи за максимално дозволени концентрации при управување на моторни возила, а во земјите каде канабисот за медицинска употреба е достапен во продажба (овластени продавници), и со правила за декларирање на концентрациите на различните продукти и мерки за превенирање на ненамерна конзумација. Во последните неколку месеци се зголемува интересот за канабисот за медицинска употреба и во македонската јавност. Ставовите се дијаметрално различни, почнувајќи од оние кои сметаат дека канабисот за медицинска употреба има неограничени исцелителни моќи до други кои се убедени дека штетните последици од употребата на канабис се далеку поголеми од потенцијалните терапевтски бенифити. Дури и помеѓу пропонентите на канабисот за медицинска употреба постојат такви кои веруваат дека канабисот треба да биде регулиран како секое друго фармацевтско средство. Истовремено, многу лица поведени од сопствените убедувања набавуваат канабис за лекување на своите постоечки здравствени проблеми од црниот пазар и со тоа ризикуваат судир со законите, чија крута примена резултира со криминализаија на поседувањето и употребата на канабис, спротивно на законот“, истакнуваат од ХОПС.

akad 1

Според ХОПС,  ваквата ситуација ја искористувале многубројни поединци, но и криминални групи кои произведуваат и продаваат канабис или преработки од канабис во медицински цели и се богатат на маката на граѓаните.

„На тој начин граѓаните незнаат што купуваат и се трошат огромни финансиски средства кои многу често се користат за други нелегални активности од страна на криминалните групи. Имајќи ги предвид медицинските ефекти на канабисот, правото на пациентите за пристап до сите форми на лекување и позитивните искуства од многу земји, ХОПС смета дека треба да се донесе посебен закон со кој ќе се регулира медицинската употреба на канабисот во Македонија. Истиот треба да озвозможи лесен пристап до евтини лекови, вклучително и масло од канабис, во аптеки или специјални продавници , но и можност за сопствено одгледување за оние пациенти кои не се во состојба да ги купуваат лековите или имаат желба сами да го подготвуваат сопствениот лек. Канабисот за медицинска употреба треба да биде достапен во различни форми (за пушење, вапоризирање, во капсули, за јадење или во форма на масло од канабис). Исто така употребата на канабисот за медицинска употреба не треба да биде условена со конвенционалната медицинска пракса. За таа цел ги повикуваме надлежните институции да креираат простор за стручна и јавна дебата во насока на изнаоѓање на најсоодветен модел за регулирање на медицинската употреба на канабис во Македонија. Како организација која долги години ја следи состојбата во Македонија и трендовите во светот, спремни сме да придонесеме во овој процес со своето искуство и експертиза“, образложуваат од ХОПС.

ТЕКСТ НА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА КАНАБИСОТ ВО МЕДИЦИНСКИ ЦЕЛИ: Дефиниции на коноп и масло од канабис, начин на одгледување, производство и казни

М.В