/ Прочитано:

840

Хрватска на прво, Македонија на последно место според странските инвестиции на Балканот

Вторник, 20 август 2013 – Според извештајот на Конференцијата на ООН за развој (УНСТАД) на прво место во регионот според влезот на странски инвестиции е Хрватска во која во 2012 се вложени 1,25 милијарди долари. Македонија е последна на листата, во земјава истата година дошле 135 милиони долари или речиси десет пати помалку од странските директни инвестиции во Хрватска.

По Хрватска, во Босна и Херцеговина се влезени 633 милиони долари директни странски инвестиции, во Црна Гора со 609, во Србија со 352 милиони долари,во Косово со 298 милиони и во Словенија со 145 милиони долари. Албанија минатата година имала 957 милиони долари странски инвестиции, објави хрватски Јутарњи лист.

Иако Хрватска е лидер меѓу порнешните југословенси републики, сепак заостанува зад останатите европски земји што се во транзиција. Во Унгарија минатата година се влеале 13, 5 милијарди долари. Меѓу европските земји најмногу странски вложувања лани имала Велика Британија со над 62 милијарди долари.