/ Прочитано:

721

Хрватската адвокатска комора вели дека кауцијата за Бандиќ не е спорна – спротивна е на правото на ЕУ, сметаат хрватски пратеници

Петок, 21 ноември 2014 – Хрватски пратеници сметаат дека постои за судир на интереси за дадената гаранција за Бандиќ од страна на адвокатот Ханжековиќ. Тоа спротивно на европското право, велат тие.

Пеџа Грбин, пратеник и член на парламентарниот одбор за уставни прашања, вели дека гаранцијата за Бандиќ е проблематична затоа што постои конфликт на интереси и дека надлежните институции за спречување на судирот на интереси треба да се позанимаваат со тоа прашање.

Пратеникот се повикува на Директивата  2004/18 на Европскиот парламент во врска со јавните набавки и потсетува дека Бандиќ  практично добил „подарок“ од адвокатот кој, како што вели, само оваа година како адвокат ќе оствари профит од над 16, 8 милиони куни од Загребскиот Холдинг.

„Она што сакам да кажам е дека секој има право на одбрана во казнената постапка, секој има право на слобода, но никој функционер, државен, локален, јавен, нема право да прима пари или услуга од лица кои извршуваат услуги за субјекти на кои функционерот е сопственик или на било кој начин поврзан со тоа тело“, вели Грбин.

Хрватската адвокатска комора каде и Ханжековиќ бил претседател и актуелен член на Управниот одбор, смета дека заради извршувањето на работите и услугите за Загребскиот Холдинг и град Загреб, адвокатот за овој случај не е инволвиран во конфликт на интереси, а не е спорен ниту кредитот од 15 милиони куни.