/ Прочитано:

609

И Брисел „работи“ на уставниот амандман за меѓународната финансиска зона

Четврток, 27 ноември 2014 – Бидејќи амандманот за меѓународната финансиска зона е врзан за финансии, Министерството за финансии според моите информации, неколку пати контактирало со Брисел со цел да се усогласи амандаманот за меѓународната финансиска зона со забелешките од Брисел, вели министерот за правда, Аднан Јашари.

„Имаме начелна согласност. Сега работиме и на изготвување и усогласување законот со кој ќе бидат уредени многу прашања за меѓународните финансиски зони. Брисел бара информации за законот и затоа доцниме со уставните амандмани“, истакнува министерот за правда, додавајќи дека моментално се утврдува и што ќе биде уредено со устав, а што со закон.

Според министерот, амадманот целосно ќе биде усогласен со забелешките на Брисел, но и оние  на Венецијанската комисија.

„Најверојатно ќе има два става. Во првиот, ќе стои дека во државата ќе може да се формираат вакви зони. Вториот став ќе биде за законот и ќе гласи дека меѓународните финансиски зони, од аспект на основање, организација и финансирање, ќе бидат уредени со закон“,  посочува Јашари.