/ Прочитано:

1.497

И Државното правобранителство ја потврди штетата од 880 илјади денари за демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на РМ

На поднесокот на Државното правобранителство реагираше адвокатот на обвинетите Никола Аризанов и Филип Наковски, според кого штетата е паушално наведена и е пресметана врз основа на набавната вредност, која не може да биде земена како основа бидејќи не е проценета амортизацијата на наводно оштетената опрема.

Полиција протести

И Државното правобранителство на Република Македонија, како застапник кој ги штити имотноправните интереси на државата и на државните органи, пријави штета од 880 илјади денари поради демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија на протестите од 13 април.

„Државното правобранителство го задржува правото дополнително во оваа постапката да изврши допрецизирање на штетата по добивањето на вештиот наод и мислење кое е побарано да биде изготвено од страна на Бирото за судски вештачења“, истакна претставникот на Државното правобранителство во судот.

Тие до судот доставија и поднесоци во кои е наведена висината на отштетата што ја бараат.

На поднесокот на Државното правобранителство реагираше адвокатот на обвинетите Никола Аризанов и Филип Наковски, според кого штетата е паушално наведена и е пресметана врз основа на набавната вредност, која не може да биде земена како основа бидејќи не е проценета амортизацијата на наводно оштетената опрема.

„Ова е многу важно бидејќи штетата е елемент на делото, а во согласност со членот 122 има лимит според кој се пресметува штетата и доколку таа е во висина од 100 илјади денари, тогаш нема дело. Затоа и побарав прецизирање на штетата за овие двајца обвинети бидејќи доколку е штетата помала од законски предвидениот износ, тогаш нема дело“, изјави адвокатот на обвинетите Владимир Данаилов.

Владимир Данаилов, адвокат

Адвокатот побара од судот ослободување на обвинетите од куќен притвор бидејќи недостасува суштествениот елемент на обвинителниот предлог, што според него е доволна основа за да биде прогласен за неоснован, а обвинетите да бидат пуштени од притвор.

„Според мене, обвинетите непотребно се држат во притвор. Едниот има потреба од повторен медицински преглед и зголемување на терапијата, а другиот е од скоро вработен и е под голем стрес поради тоа. Предложивме другите мерки, како што е одземање на пасошот, да останат на сила“, додаде Данаилов.

Данаилов и на првиот обид за старт на процесот против првите двајца обвинети демонстранти истакна дека тие се подготвени да ја признаат вината.

Покрај Никола и Филип, за учество во толпа што ќе изврши кривично дело поврзано со протестите, но во одделни постапки, осомничени се и студентот Борјан Ефтимов и членовите на Левица Здравко Савески и Никола Куновски. Сите се наоѓаат во куќен притвор.