/Прочитано:

507

И неважечките закони од денес достапни на „Академика“

Од денеска, 1 ноември 2017 година, на „Академика“ е достапен нов производ – неважечки закони,  кој ќе биде наменет за корисниците без никаков дополнителен надомест.

Со овој најнов проект, Академик ја потврдува својата заложба дека постојано ќе ги збогатува содржините на „Академика“, со цел на корисниците да им понуди најрелевантни, најлесно и најбргу достапни информации за прописите, заштедувајќи им време и значајни финансиски средства за квалитетни правни истражувања.

Во моментов, во рамките на новиот производ на „Академика“ се достапни повеќе од 150 неважечки закони, и тоа како консолидиран текст кој важел во моментот на престанување на законот или како основен текст, доколку законот не претрпел никакви измени, на македонски јазик. Меѓу овие закони се: „стариот“ Закон за извршување, Законот за нотаријатот, Законот за општата управна постапка, за кривичната постапка, за трговските друштва, енергетика, вонпроцесната постапка, градежното земјиште, прекршоците, парничната постапка итн.

Исто така, во овој нов производ на „Академика, меѓу 150-те неважечки закони се вклучени и буџетите на Република Македонија од 1991 до 2016 година, годишните закони за извршување на буџетите и завршните сметки за истиот период, и тоа како посебен „пакет“ неважечки прописи од областа на јавните финансии.

Бројот на неважечки закони достапни на „Академика“ ќе биде постојано зголемуван, со цел да се опфатат сите закони што им претходеле на сега важечките закони, а биле во сила во периодот по осамостојувањето на Република Македонија.

Со ваквиот производ, „Академика“ им излегува во пресрет како на правните истражувачи, така и на правните практичари кои во рамки на својата работа имаат потреба и од користење на законите што престанале да важат.