/ Прочитано:

2.036

Ибрахим Ибрахими ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика

Заменик-министерот во Министерството за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ја презема надлежноста, односно ја врши функцијата министер за труд и социјална политика. Ибрахими е роден во Гостивар, 1967 година и е дипломиран економист.  Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а во моментов е на постдипломски студии по сметководство и ревизија, како и на постдипломски студии по политички науки на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Министерство за труд и социјална политика

Од денеска (29.12.2016), во согласност со членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија од јули 2016 година, заменик-министерот во Министерството за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ја презема надлежноста, односно ја врши функцијата министер за труд и социјална политика.

Ибрахими е роден во Гостивар, 1967 година и е дипломиран економист.  Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а во моментов е на постдипломски студии по сметководство и ревизија, како и на постдипломски студии по политички науки на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

На  29.7.2011 година е избран за заменик-министер за труд и социјална политика, a од 2008 до 2011 ја извршува функцијата заменик-министер во Министерството за правда. Во периодот од 2007 до 2008 работи работи како советник во Министерство за труд и социјална политика. Од 2004 до 2006 бил проектен менаџер во Европскиот центар за малцински прашања, а во периодот од 2001 до 2004 програмски координатор на проектот Ромаверзитас во Фондацијата „Институт отворено општество“ Македонија. Во периодот 2000 – 2001 година е шеф на сметководството во „Фатина“ – Гостивар.

Автор е на брошурата „Практичен водич за невладини организации за ДДВ“,  на извештајот на Советот на Европа „Вработувањето и социјалните бенефиции за Ромите во Македонија“ (2002), како и на извештајот на Советот на Европа „Вработување, развојни политики и имплементација“.

Говори англиски, турски, албански, француски (пасивно) и српски јазик.

А. Б.