/ Прочитано:

901

Идеите на Нимиц пред државниот врв

Вторник, 29 јули 2014 – Посредникот на ОН во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, денеска во Скопје, во рамки на новата рунда разговори со властите во Македонија и Грција, ќе има средби со македонскиот државен врв.

Тој вчера по пристигнувањето во Македонија изјави дека не носи нов предлог, но, како што рече, има идеи.

Нимиц во Скопје прв пат ќе се сретне со новиот претставник на Македонија во спорот за името и амбасадор во САД, Васко Наумовски.

Се очекува тој да се сретне и со шефот на државата Иванов, со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

По средбите во Скопје, Нимиц ќе замине утре во Атина, на разговори со грчкиот државен врв.