/ Прочитано:

1.512

Идентификувани и можни кривични дела сторени за време на насилството во Собранието – извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права

Хелсиншкиот комитет за човекови права објави извештај за идентификувани и можни кривични дела сторени за време на насилството во Собранието на 27 април 2017 година.

Овој посебен извештај се однесува на кривични дела идентификувани преку фотографии, аудио-видео материјали и сведоштва, како и на кривичните дела за кои постојат сомненија, но сè уште не е истражено дали биле сторени и од кого. Извештајот се осврнува на повредите на права и слободи гарантирани со Уставот и санкционирани со Кривичниот законик. Текстот е наменет за информирање на јавноста, но и како алатка која на правосудните органи може да им послужи при носењето на одлуки поврзани со квалификацијата на кривичните дела и индивидуализација на кривичната одговорност при изрекувањето на казни од страна на суд. Извештајот содржи вкупно 28 кривични дела, од кои за 18 веќе постојат значителен број докази и 10 кривични дела за кои постои сомнение дека се извршени.

Можните сторители се поделени во четири групи: 1) организатори, 2) извршители, 3) полициски службеници и 4) нивни претпоставени). Кривичните дела произлегуваат од 8 поглавја од Кривичниот законик, а беа насочени против: 1) животот и телото, 2) слободите и правата на граѓаните, 3) имотот, 4) сигурноста, 5) државата, 6) службената должност, 7) правосудството и 8) јавниот ред. Улогата на правосудните органи е да утврдат дали и кои од посочените кривични дела се сторени или имало обид за нивно сторување и да не дозволат погрешна квалификација, колективизирање на одговорноста и паушално санкционирање.

Извештајот можете да го преземете на следниов линк.

М.В