/Прочитано:

437

Информативни материјали на Европскиот суд за човековите права поврзани со работата на Судот и неговата практика

Европскиот суд за човековите права објави информација во врска со документацијата и видеата поврзани со работата на Судот. Овие информации, појаснуваат од Европскиот суд за човековите права, се однесуваат и на судската практика на Судот.

Информативните материјали се преведени и на македонски јазик и во нив се говори за процедуралните аспекти на работата на Судот, Европската конвенција за заштитата на човековите права, европското законодавство, како и за прашања поврзани со човековите права и слободи кои се елаборирани во истражувања и анализи.

Европскиот суд за човековите права е меѓународен суд, основан во 1959 година. Тој е надлежен да постапува по индивидуални или меѓудржавни жалби, во кои има наводи за повреда на граѓанските и политичките права предвидени со Европската конвенција за човековите права.

M.В