/ Прочитано:

734

Информативни средби на „Пристап до правда во Македонија“

Понеделник, 15 јуни 2015 – Проектниот тим на  проектот „Пристап до правда во Македонија“, проект кој се спроведува од страна на Македонско здружение на млади правници (МЗМП) Скопје, Национален  Ромски Центар (НРЦ) Куманово, Младински културен Центар (МКЦ) Битола, Едукативно-хуманитарна организација (ЕХО) Штип, Избор Струмица и Здружение на граѓанско општество 8-ми Септември Скопје, во координација на Фондација Отворено општество – Македонија, организира и спроведува информативни средби во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Шуто Оризари.

Информативните средби се наменети за граѓаните од општината Шуто Оризари и административните службеници во ЈУ МЦСР – Шуто Оризари.

Во првиот дел од информативните средби е предвидено да се информираат административните службеници  за правото на бесплатна правна помош и останати правни институти кои се наменети за олеснување на пристапот до правда на граѓаните како и за помошта која проектот ја нуди. Воедно ќе се дистрибуираат и промотивни материјали (постери на македонски, ромски и албански јазик; летоци со кратки информации за правото и контакт информациите за овластените здруженија).

Вториот дел од информативните средби е наменет за граѓаните во општина Шуто Оризари и нивно информирање за постоење на Законот за бесплатна правна помош и правото кое истиот го гарантира, а во поглед на решавање на определени видови правни прашања (од областа на социјална заштита, работни односи, имотно-правни прашања, заштита на деца и малолетници итн). Информирањето на граѓаните ќе се спроведе преку водење разговори со правниците и обебзедување на општи правни информации за правното уредување на прашањето од интерес на граѓанинот.