/ Прочитано:

2.321

Интернационалната адвокатска канцеларија „DLA Piper“ започна соработка со нордиското адвокатско друштво

„DLA Piper“, интернационалната адвокатска канцеларија „DLA Piper“, која има 40 активни канцеларии низ светот (САД, Канада, Европа, Блискиот Исток и Азија), неодамна вклучи 150 адвокати од Данска во Нордиската група за соработка. Групата е формирана минатата година, а во неа се вклучени адвокатски фирми од Норвешка, Шведска и Финска. Мисијата и визијата на оваа интернационална канцеларија се да биде водечка во деловното право низ светот и преку практични и иновативни правни решенија, да им нуди квалитетни правни услуги на своите клиенти. Со вклучувањето на данските адвокати, вработени во канцелариите во Копенхаген и Архус, бројот на активни правници сега изнесува 370. Нивна главна задача ќе бидат корпоративните финансии, преструктурирање, судски постапки, работа со имот и недвижности и пензиското осигурување.

Интернационалната адвокатска канцеларија „DLA Piper“, која има 40 активни канцеларии низ светот (САД, Канада, Европа, Блискиот Исток и Азија), а од Балканот соработува со адвокатската канцеларија од Загреб „Глинска&Мишковиќ“, неодамна вклучи 150 адвокати од Данска во Нордиската група за соработка. Групата е формирана минатата година, а во неа се вклучени адвокатски фирми од Норвешка, Шведска и Финска.

Минатата година во февруари, „DLA Piper“ во групата адвокати и адвокатски фирми ја вклучила и адвокатската канцеларија од Финска „Peltonen LMR“, со што ги зајакнала своите капацитети во Скандинавија.

Нордиското друштво, како што популарно се нарекува оваа група, е раководено од управен одбор составен од управувачки партнери кои доаѓаат од адвокатските канцеларии кои се дел од оваа група.

Мисијата и визијата на оваа интернационална канцеларија се да биде водечка во деловното право низ светот и преку практични и иновативни правни решенија, да им нуди квалитетни правни услуги на своите клиенти. Со вклучувањето на данските адвокати, вработени во канцелариите во Копенхаген и Архус, бројот на активни правници сега изнесува 370. Нивна главна задача ќе бидат корпоративните финансии, преструктурирање, судски постапки, работа со имот и недвижности и пензиското осигурување.

Главниот извршен директор на „DLA Piper“, Сајмон Левин, во изјава за лондонскиот бизнис весник „City A.M.“, истакнал дека заедно со нордиската група соработници, нивната фирма се смета за еден од светските лидери во обезбедувањето правни услуги. Дури и го поистоветува нејзиното влијание со економската моќ на државите од групата „Г-20“.

Голем дел од нивните клиенти го прошируваат бизнисот во Данска и воопшто во Скандинавија, така што ќе бидат во можност да понудат квалитетна поддршка во водењето на бизнисот и правните услуги во согласност со законите на државите од тој регион. Со тоа ќе ги задоволат потребите на граѓаните во тие држави, а на овој начин ќе си го отворат и патот за нивно проширување и на преостанатиот меѓународен пазар.

Ова проширување на пазарот се смета како превентивен чекор во преструктурирањето на компанијата, откако биле затворени канцелариите во Тбилиси, Грузија и во Берлин. Тимот од Грузија е прераспределен во САД, а берлинскиот тим е преместен во интернационалната адвокатска фирма „DWF“, која пак има вработено 2100 адвокати во 20 држави низ светот.

С. М.