/ Прочитано:

864

Исклучок од обврската за давање на понуда за преземање – дополнување на Законот за преземање на акционерските друштва

Понеделник 13 октомври 2014 – Со предложената измена во членот 19 од Законот за преземање на акционерските друштва,  од обврската за давање понуда за преземање на хартии од вредност се ослободува преносот по основ на договор за подарок помеѓу брачни другари или помеѓу родители и деца.

Во Законот за преземање на акционерските друштва се утврдени исклучоците од обврската за давање на понуда за преземање.

„Праксата покажа дека има потреба да се утврди исклучок од давање на понуда за преземање и во случаите кога преносот на хартиите од вредност настанува врз основа на договори за подарок помеѓу брачни другари или помеѓу родители и деца“, се вели во образложението на Предлог-законот.

Донесувањето на Предлогот на Законот за дополнување на Законот за преземање на акционерските друштва е со цел да се утврди исклучок од обврската за давање на понуда за преземање, кога преносот на хартиите од вредност се врши врз основа на договори за подарок помеѓу брачни другари или помеѓу родители и деца.