/ Прочитано:

2.399

Испитни прашања и практични примери за полагање на испит за стечаен управник

Среда, 18 февруари 2015 – Министерството за економија објави испитни прашања за полагање на испит за стечаен управник, заедно со практични примери.

Од Министерството за економија ги известуваат кандидатите кои посетувале обука за полагање на испитот и кои истовремено се стекнале со уверение за посетување на обуката како основ за полагање на испитот, да се пријават за електронско полагање на испитот. Испитот ќе се спроведе на 3.03.2015, а рокот за пријавување е до 25-ти овој месец. Прашањата за испитот се следните:

Доверител со обезбедено побарување (разлачен доверител) е:

 а) физичко или правно лице кое има заложно право, друго право за намирување на некој предмет или право што е запишано во јавна книга;

б) лице кое врз основа на некое свое стварно или лично право може да докаже дека некој предмет не спаѓа во стечајната маса;

в) физичко или правно лице кое по која било основа има побарување спрема стечајниот должник, а кое настанало по отворање на стечајна постапка;

г) физичко или правно лице кое по која било основа има побарување спрема стечајниот должник, а кое настанало пред отпочнување на стечајна постапка;

д)физичко или правно лице кое има побарувања кои вклучуваат трошоци на постапката.

Доверител со право на издвојување на предмет или право(излачен доверител) е:

а) физичко или правно лице кое има побарувања кои вклучуваат трошоци на постапката,

б) физичко или правно лице кое по која било основа има побарување спрема стечајниот должник, а кое настанало пред отпочнување на стечајна постапка;

в) физичко или правно лице кое има заложно право, друго право за намирување на некој предмет или право што е запишано во јавна книга;

г) лице кое врз основа на некое свое стварно или лично право може да докаже дека некој предмет не спаѓа во стечајната маса;

д) физичко или правно лице кое по која било основа има побарување спрема стечајниот должник, а кое настанало по отворање на стечајна постапка…

Испитни прашања за полагање на испит за стечаен управник

Дали стечајниот управник ќе предложи деловниот потфат на друштвото и во отворената стечајна постапка да се спроведе постапка за реорганизација и ќе предложи план за реорганизација или ќе се определи за ликвидација:

Друштвото АБВ произведува руда од обоен метал од рудник над кој друштвото има концесија во трање од 20 години, од кои 5 се веќе поминати. Друштвото имало проблеми во работењето, се задолжило и еден од доверителите поднел предлог за отворање на стечајна постапка по што била отворена стечајната постапка. Именуван е стечаен управник, кој влегол во Друштвото, ги направил првичните анализи, направил попис на стечајаната маса и бил определ овластен проценувач да изработи на проценка на средствата и го изготвил почетниот биланс на стечајот. Во моментот тој размислува што да предложи на првото извештајно собрание на доверителите во извештајот за економско финснсиска состојба  – ликвидација или реорганизација…

Практични примери – реорганизација во стечај

M.В