/ Прочитано:

1.007

Историска пресуда: 55 години затвор за човек кој брутално малтретирал куче

Четврток, 17 април 2014 – Радослав Артур е осуден на 55 години затвор за брутална злоупотреба на неговото куче. Судот во Бостон пресудил дека Радослав Артур е виновен за 11 точки од обвинението по пет години, односно за сите точки од обвинението.

Покрај праведната пресуда како што ја нарекува американската јавност, Судот утврдил дека износот на неговата кауција ќе изнесува пет милиони долари.

Артур беше обвинет за тортура на кученцето по име Доу, откако кученцето било пронајдено во многу тешка состојба и надлежните служби биле приморани да го успијат измалтретираното животно.

Во истрагата се пронашле докази кои се презентирани и во судската постапка, а кои потврдуваат дека тој откако тој станал сопственик на кучето, не го хранел воопшто и го изгладнувал до истоштување, го бодел со нож, го горел, го тепал и физички се изживувал врз немоќното куче.

Како што пренесуваат медиумите, Артур не се задоволувал само со тоа, па во повеќе пати  користел некои средновековни техники на малтретирање.

Веста за пресудата амариканската јавност ја дочека со поддршка, а граѓаните на Бостон масовно се собрале околу Окружниот суд за да ја поздрават оваа одлука.

Тие се надеваат дека американската судска пракса ќе биде еднаква за сите кои ги малтретираат животните, упатувајќи апел дека и животните се живи битија кои треба да имаат правна, превентивна, праведна и соодветна институционално-судска заштита насекаде низ светот.