/ Прочитано:

2.271

Истражување: Војна за таленти на пазарот на правници – економски принципи

Рационална адвокатска фирма секој од своите партнери ќе го плати приближно исто. Доколку партнерот биде платен помалку, тогаш од него ќе се очекува да ја напушти канцеларијата и да најде друга која ќе го цени неговиот труд. Доколку го плаќа повеќе за разлика од другите, за брзо време менаџментот на канцеларијата ќе се најде во ситуација да се ослободи од него поради месечните загуби што ќе ги трпи.

Адвокатските фирми постојано се активни на пазарот на таленти најчесто користејќи го индексот „Econ 101“, кој се однесува на соодносот помеѓу понудата и побарувачката и нивната флексибилност. Тие се водат од принципот дека една адвокатска канцеларија е добра и успешна колку што се добри нејзините адвокати.

Според економската наука, економското управување на менаџментот со  пазарот на таленти може да се изрази низ неколку карактеристики:

– алокацијата на човечки ресурси (таленти-правници) наликува на крива на која се наоѓаат „добри“ и „лоши“ правници. Перформансите и квалитетот на анализата на правниците треба да бидат транспарентни. Во тек на неколкугодишно набљудување, адвокатската канцеларија преку аналитички процес може да ги забележи своите потенцијални вработени правници и адвокати

– задоволството на клиентите од адвокатите со кои треба да работат е мерливо доколку талентите добијат оцена или карактеристика од 95-99% дека се доволно добри да работат со нив и да ги задоволат критериумите за работа

– најголемиот двигател на овој вид пазар е феноменот на „несовршена замена“ каде што нема строго придржување до конвенционалната шема и купувачите имаат поголем избор при понудата, при што може да понудат и пониска цена. Наместо тоа, овие пазари категорично ги отфрлаат стандардната цена и квалитет и ги согледуваат разликите помеѓу понудениот квалитет и потоа нудат цена

– принципот „Парето 80-20“. Овој економски принцип вели дека во секое општество 20% од луѓето произведуваат 80% од користа и профитот на другите, а исто така 20% од луѓето создаваат 80% од загубите, или според економската дефиниција, 20% од инпутот придонесува за 80% од аутпутот во едно производство. Во случајот со пазарот на таленти, тие што се во 20 % не го вреднуваат нивниот труд во споредба со преостанатите 80%. Според тоа, може да се заклучи дека зависноста меѓу понудата и побарувачката, на инпутот и аутпутот е локална, а не и глобална и апсолутна. Секој кој се наоѓа во тие 20% треба да биде благодарен што се нашол во таа група.

Рационална адвокатска фирма секој од своите партнери ќе го плати приближно исто. Доколку партнерот биде платен помалку, тогаш од него ќе се очекува да ја напушти канцеларијата и да најде друга која ќе го цени неговиот труд. Доколку го плаќа повеќе за разлика од другите, за брзо време менаџментот на канцеларијата ќе се најде во ситуација да се ослободи од него поради месечните загуби што ќе ги трпи.

Логични последици од оваа ситуација се: намалување на лојалноста на партнерите кон канцеларијата, зголемување на свесноста од страна на партнерите за пазарната вредност на нивните способности во комбинација со нивната преговарачка моќ и подготвеност да се пробијат на пазарот.

Од оваа ситуација фирмата повторно се навраќа на пазарот на таленти и доколку се реши да ги ангажира нив наместо скапите партнери, треба да го има на ум податокот дека на почетокот младите таленти работат со мала или никаква лојалност и гледаат лично за себе како да успеат за сметка на колективот.

Адвокатските канцеларии треба да имаат јасна перспектива за тоа како ќе ја менаџираат својата работа, а нивниот менаџмент треба да има јасна визија до кое ниво ќе сака да ја носи фирмата – дали сака да собира „ѕвезди“ или да создава елита.

С. М.