/ Прочитано:

3.706

Истражување за начинот на живот во модерниот свет: Адвокатурата – професија што бара време и посветеност

Резултатите од истражувањето за начинот на живот во модерниот свет, кои минатиот месец, на веб-страницата „Business Wire”, ги објави компанијата „Беко“ како втор најголем светски бренд за бела техника во Европа, покажуваат дека луѓето имаат сè помалку време за слободни активности. Во однос на професиите, адвокатурата се истакнува како професија која одзема најмногу време. Повеќе од 47% од испитаниците кои се адвокати или работат како правници имаат во просек околу 2 часа дневно за слободни активности, а еден од четворица испитаници има дури и помалку од тоа време.

Компанијата „Беко“, како втор најголем светски бренд за бела техника во Европа, минатиот месец ги објави резултатите од глобалното истражување за начинот на живот во модерниот свет кој е објавен на веб-страницата „Business Wire”. Истражувањето било спроведено во 22 држави и во него учествувале 10.100 луѓе. Меѓу другите податоци, се истакнува фактот дека 30% од возрасните во просек имаат помалку од 10 часа слободно време дневно, а дури 70% од нив немаат време за спортување или физички активности.

Директорката на одделот за комуникации на „Беко“, Зејнеп Узбил, во врска со истражувањето, истакна дека светот сè помалку има време за слободни активности. Поголем дел од луѓето се насочуваат кон работата и кариерата, така што нивниот живот станува пренатрупан со работни обврски, со што се скратува нивното слободно време.

Во однос на професиите, адвокатурата се истакнува како професија која одзема најмногу време. Повеќе од 47% од испитаниците кои се адвокати или работат како правници имаат во просек околу 2 часа дневно за слободни активности, а еден од четворица испитаници има дури и помалку од тоа време.

Таа смета дека адвокатите треба да се вратат на оној модел според кој ќе водат постабилен и балансиран живот, дури и по цена на промена на нивните работни рутини. Потребно е да изнајдат таков модел кој ќе одговара и на нивната кариера, но и на семејниот живот.  Флексибилноста на долг рок ќе им овозможи на адвокатите да имаат попродуктивна работа и напредок во кариерата.

Секојдневната стресна работа, проучувањето на предметите, судските рочишта, пишувањето поднесоци итн. се дел од причината зошто постои недостаток на среќа и опуштеност помеѓу адвокатите. Со подобрување на креативноста би се зголемила самодовербата на адвокатите, а би се подобриле и социјалните односи.

За да се избегнат непријатностите, треба да се направи вистински баланс во однос на дневните активности. Слободното време треба да се користи за повеќе социјални активности и игри, со цел од нив да произлезат креативни решенија, како и да се работи на зголемување на емпатијата како спрема блиските пријатели и децата, така и спрема клиентите во работењето.

С. М.