/ Прочитано:

905

Иванов ќе ги прими акредитивните писма од амбасадорите на Холандија, Хрватска и Австрија

Понеделник, 24 август 2015 – Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Холандија, Република Хрватска и Република Австрија.

Новоименуван амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија е Вилем Ваутер Пломп, на Република Хрватска Данијела Баришиќ и на Република Австрија Ренате Коблер.