/ Прочитано:

11.241

Избирачкиот список достапен на увид во електронска форма

Секој граѓанин има право да поднесе барање до ДИК да не биде објавена неговата адреса во Избирачкиот список од безбедносни причини. Барањето граѓанинот може да го поднесе до подрачното одделение/канцеларија на Државната изборна комисија според местото на живеење.

Принтскрин од веб-страната за пребарување на Избирачкиот список

Државната изборна комисија го промовираше новиот веб-портал преку кој граѓаните ќе можат да проверат дали се наоѓаат во Избирачкиот список и дали се точни нивните податоци со кои се запишани таму.

Во формата за пребарување името и презимето се задолжителни полиња, а изборни се полињата општина и/или избирачко место.

Новина во овој систем за пребарување на Избирачкиот список е можноста, покрај пребарување само со матичен број, пребарување и по адреса на живеење.

„Во согласност со членот 31, став 28-г од Изборниот законик, Државната изборна комисија го објавува Избирачкиот список на својата веб-страница со следниве податоци: име, презиме и адреса на избирачите“, велат од ДИК.