/ Прочитано:

8.680

Избрани пет обвинители за Јавното обвинителство Скопје и по еден обвинител за обвинителствата во Гостивар и во Битола

Во Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат распоредени Ана Гоговска Јакимовска, Марија Џабирова-Велков, Искра Хаџивасилева, Елена Жакула и Ана Стојановиќ-Димитровска. Избран е и еден јавен обвинител за Основното јавно обвинителство Гостивар, Арсим Адеми и еден кандидат за Основното јавно обвинителство Битола, Оливера Нечаковска.

Врачување уверенија за завршена Академија за обука на судии и јавни обвинители

На денешната седница Советот за јавни обвинители избра седум јавни обвинители од кандидатите од редовите на Академијата за обука на судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Во Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат распоредени Ана Гоговска Јакимовска, Марија Џабирова-Велков, Искра Хаџивасилева, Елена Жакула и Ана Стојановиќ-Димитровска.

Избран е и еден јавен обвинител за Основното јавно обвинителство Гостивар, Арсим Адеми и еден кандидат за Основното јавно обвинителство Битола, Оливера Нечаковска.

Аневски им честиташе на новоизбраните јавни обвинители и им посака успешно да ја извршуваат функцијата.

Советот на јавни обвинители го објави конкурсот за избор на седум јавни обвинители на крајот на минатиот месец.

Тогаш Аневски истакна дека се надева дека кандидатите од петтата генерација на Академијата ќе ги исполнат условите предвидени во огласот и ќе можат веднаш да започнат со практикување на стекнатото знаење.

Сите кандидати за избор на јавни обвинители, освен условите предвидени во членовите 44, 45 и 46 од Законот за јавно обвинителство („Сл. весник на РМ“ број150/07) и Законот за измени и дополнување на Законот за јавно обвинителство („Сл. весник на РМ“ бр. 111/08), беше потребно како посебен услов да го исполнуваат и следното:

„Кандидатите за избор на јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, Битола, Гостивар и Куманово како посебен услов потребно е да имаат завршено Академија за судии и јавни обвинители“, беше наведено во огласот.