/ Прочитано:

652

Издадена наредба за апсење на претседателот на Гватемала поради корупција

Четврток, 3 септември 2015 – Гватамалскиот суд издаде наредба за апсење на претседателот Ото Перес Молина под обвинение дека раководел со голема корупциска шема во царината.

Во вторникот Парламентот му го одзеде имунитетот на претседателот Молина. За одземање на имунитетот гласаа 132 од 158 пратеници.

Адвокатот на претседателот Молина изјави дека неговиот клиент е подготвен да соработува со истрагата.

Молина, 64­-годишен генерал во оставка, кој е на власт е од 2012 година, обвинет е дека раководел со голема корупциска шема во царината, преку која царинарниците земале мито за да им помогнат на фирмите да избегнат плаќање на царина.

На 21 август приведена е и заменик ­претседателката на Гватемала, Роксана Балдети под сомнение дека е вмешана во корупциската шема