/ Прочитано:

1.575

Измени на законите за полиција и внатрешни работи за воведување на независен контролен механизам врз полицијата

Министерството за внатрешни работи подготвува измени на Законот за полиција и на Законот за внатрешни работи. Од МВР посочуваат дека со усвојување на предложените закони ќе се овозможи имплементација на надворешниот независен контролен механизам во нашето законодавство за припадниците на Министерството за внатрешни работи со полициски овластувања и за припадниците на затворската полиција.

„Постоењето независни, ефикасни и навремени механизми за контрола на работата на полицијата е во согласност со барањата на ЕКЧП и нејзиното прецедентно право. Овие механизми е потребно да бидат хиерархиски независни од оние чиешто постапување е предмет на истрага. Повеќе извештаи на меѓународни организации, како и на национални институции и невладини организации, наведуваат дека контролните механизми врз телата за спроведување на законите во Република Македонија не се на соодветно ниво. Ова е потврдено и со повеќе пресуди на ЕСЧП во Стразбур каде што е утврдена повреда на ЕКЧП“, истакнуваат од МВР.

Оваа недела Министерството за правда најави дека подготвува измени на Законот за Јавното обвинителство, Законот за јавнообвинителска служба, Законот за Советот на јавни обвинители и Законот за кривичната постапка. Измените на законите од областа на Јавното обвинителство и ЗКП, посочуваат од Министерството за правда, имаат за цел воведување контролен механизам врз полицијата во согласност со практиката на ЕСЧП.

Измени на законите од областа на Јавното обвинителство и ЗКП чија цел е контролен механизам на полицијата во согласност со практиката на ЕСЧП

М.В